Тејлор Фриц го шокираше Рафаел Надал во финалето на АТП турнирот од Мастерс серијата 1000 во Индијан Велс и му го нанесе првиот пораз по 20 последователни победи оваа година. Американскиот тенисер стигна до најголемиот трофеј во кариерата славејќи со 6:3, 7:6 (5), а многумина по мечот се запрашаа што се случи со Надал и зошто побара помош надвор од теренот.
„Се што можам да кажам е дека ми е тешко да дишам. Не знам, кога се обидувам да дишам чувствувам болка и непријатност. Не знам дали е нешто во моите ребра но кога дишам чувствувам како да ме бодат мали жилети. Малку ми се врти затоа што е болно, а таа болка многу ме ограничува, влијае на моето дишење и затоа не се чувствувам добро“. – изјави Надал и додаде:
„ Не треба да зборуваме сега за тоа што е погрешно со мене. Треба да му честитаме на Тејлор за неговата победа, а не да коментираме за ова.