Манчини, кој се соочува со сериозни проблеми пред сѐ во дефанзивата, зашто буквално целата прва четврка веројатно ќе ја нема за мечот со нашата селекција, посочи дека штом целта е да се освои Мундијалот, значи дека полни со општимизам влегуваат да победат во бараж фајнлфорот во кој ако нѐ минат, на 29 март ќе играат со подобриот од мечот Португалија – Турција.
„Наша цел е да го освоиме Светското првенство, а за да го освоиме Мундијалот ќе мора да победиме на овие два меча што ни претстојат, почнувајќи прво од Македонија. Сакаме да одиме на СП и да победиме“, рече денеска Манчини на почетокот на подготовките на „аѕурите“.
Толј посочи дека е убеден дека оваа италијанска генерација ќе продолжи со успесите започнати од Еуро 2020, кога после 52 години на Апенините ја донесоа европската круна.
„Јас имам огромна доверба во тимот, знам какви професионалци се, колку добри фудбалери се, кои го освоија Европското првенство кога никој во нив не веруваше. Буквално никој. И сега таа доверба мора да почне за тоа што го направија. Овој тим има квалитет. Италијанскиот фудбал се соочувал со тешки моменти, но секогаш носел големи уживања и радости“, додава Манчини.