ФФМ во соработка со градските власти на Палермо договориле собирот на навивачите во еден вид навивачка фан-зона за Македонците да биде на плоштадот во градот, а оттаму со бесплатен превоз и шатл-автобуси да одат на стадионот „Ренцо Барбера“, на кој капиите ќе бидат отворени три часа пред стартот на пресметката закажана за 20.45 часот.
ФФМ денеска објави детални информации за сите македонски навивачи кој ќе дојдат на Сицилија за тоа што може, а што не може и не смее да носат на стадионот, како и податоци каде може навивачите да направат антигенски ковид-тестови пред мечот.
Македонските навивачи кои досега не успеаа да купат карти имаат можност до утре да набават билети што останаа за гостинскиот навивачки сектор на стадионот.