Ристовски со Спартак Трнава го елиминираа велшки Њутаун со втора победа, сега на гости со 2-1, па со вкупни 6-2 обезбедија трето коло.
Серафимов, кој летово го засили МОЛ Фехервар, денеска загубија од Габала во Азербејџан со 1-2, но пресуди убедливата победа со 4-1 на првиот меч, кој беше деби за македонскиот репрезентативен стопер.
Марио Илиевски, пак, ги одигра завршните 20 минути за Кишварда која повторно со 1-0 славеше против казахстански Каират Алмати, меч кој пред една недела го реши Јасир Асани, екс-вардаровото дете за да го најави пласманот во трето коло на унгарскиот вицепрвак.