По поразот од Украина во Прага, со кој ги загубивме шансите за пласман на ЕВРО 2024, ова ќе биде добра подготовка за настапите во ноември со Италија и Англија за крај на квалификациите. Благоја Милевски за составот ќе одлучи пред натпреварот, но фудбалерите знаат дека кога станува збор за Македонија, нема важни и помалку важни натпревари. Секоја победа е значајна па макар и на пријателски натпревар.
Македонија игра со репрезентација со која во изминатите 30 год. играла дури 12 пати, ова ќе биде 13-ти. Имаме пет победи, четири порази и три нерешени со гол разлика 20:17. Во последните три години ова ќе биде петти дуел против Ерменија.
Со Ерменија игравме пред две години, во Ереван во квалификациите за СП 2022.Победивме со 0:5, тогаш сегашниот капитен Енис Барди постигна хет-трик, голови дадоа и Александар Трајковски и Милан Ристовски. Тоа беше досега најдобриот натпревар на Македонија под водство на селекторот Благоја Милевски.
Натпреварот се игра во 15 часот во Струмица.