Вилјареал го доживеа вториот пораз по ред откако си замина тренерот Унаи Емери. Вечерва „Жолтата подморница“ на домашен терен загуби од Мајорка со 0-2 во рамки на 13.коло во Ла Лига.

Ведат Муриќи погоди за тимот од Балеарските острови во 32 минута за 0-1. Косовецот потоа беше асистент на вториот гол, што го реализираше Амат Ендиаје во 76.минута.

Вилјареал е на 8.место на табелата со 18 бодови, додека Мајорка е 12-та со 16 бодови.