Салзбург и Баерн ремизираа во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот заврши 1:1, а головите ги постигнаа Адам во 21. минута и Коман во 90. минута. Баерн од самиот почеток тргна доста офанзивно. Нагелсман уште од првата минута на теренот испрати голем број офанзивно ориентирани играчи.

Баварците на почетокот успеаја да создадат неколку прилики, а во 12. минута се повреди напаѓачот на Салзбург, Окафор. Но, се покажа дека тоа не е лоша вест за нив бидејќи влезе Адам, кој постигна гол во 21. минута.

Баерн тргна уште поофанзивно во вториот дел, па Салцбург најмногу се бранеше и чекаше прилика за контранапад. Баерн имаше одлична шанса во 76. минута, проиграа Сане и Коман, а ударот на Сане го сопре одличниот Кен.

А потоа во 90. минута Баерн постигна гол. Коман, кој пропушти неколку шанси, беше прецизен во самиот финиш на натпреварот. Павард испрати долга топка од десната страна, Милер скокна и со глава спушти кон Коман, кој беше осамен и погоди за 1-1.

https://youtu.be/8qYK1rlowFk