Екипата на Ливерпул веќе може да се промовира во четвртфиналист во Лигата на шампионите, откако со далеку подобра игра во второто полувреме го совлада Интер (2-0) во вечерашниот прв меч одигран во Милано, додека Салцбург не издржа и мораше да се задоволи со големо реми против Баерн Минхен (1-1).

По првите 45 минути во кои имаше речиси шаховски надмудрување, „црвените“ од Англија уфрлија во поголема брзина во продолжението и речиси обезбедија место меѓу осумте најдобри во ЛШ. Дилемите беа решени во само осум минути, откако прво Фирмињо во 75. минута одлично се снајде по корнер и со глава прв ја начна мрежата на „нераѕурите“, за потоа Мо Салах во 83. минута да го постави конечниот резултат.

https://youtu.be/jLxWPAVs8fI?t=390