Оливие Њокас со пет погодоци беше прв стрелец во редовите на македонскиот првак во триумфот против Монпеље на гости од 25-28 во рамките на 11. коло во Лигата на шампиони.
Францускиот ракомет до ова остварување дојде со 55% реализација. По триумфот потенцира дека заедно со момците напорно работеле за да стават крај на серијата од седум порази.
„По доаѓањето на Дејвис, навистина многу работевме. Оваа победа не е на среќа. Секој играч имаше своја мисија, го дававме максимумот за да дојде до посакуваната форма. Победата е важна за сите нас. Имавме разочарувачки резултати претходно, се надевам дека ќе забележиме уште победи, оваа нема да биде последна“, изјав Њокас.