Ракометарките на норвешкиот Кристијанштад се првите финалистки на завршниот турнир од Лигата на шампионите во женска конкуренција, кој традиционално се игра во Будимпешта, откако во воведното полуфинале, по голема борба, го совладаа Ѓер (37-35).
Норвежанките триумфот го обезбедија уште во првиот дел кога стигнаа до предност од пет гола разлика, која ја одржуваа во продолжението, а во еден момент ја зголемија и дури на плус седум. Унгарките како да се разбудија, заиграа подобро, па во еден момент намалија и на само еден негатива, но тоа беше се што сторија. Робертс со осум голови беше најефикасна кај победничкиот тим, додека Офтедал постигна 11 голови за екипата на Ѓер.
Кристијанштад за третата европска титула во низа ќе се бори во утрешното финале против подобриот од дуелот помеѓу Ференцварош и Есбјерг.