Првото полувреме беше изедначено и благодарение на неколкуте промашени зицери од кои и два пенали, наместо да заминеме со изедначен резултат на пауза ние дозволивме домаќинот да отиде на +3 за две минути.
Водството Алборг на паузата стигна до 16-13.
Проблематично е тоа што и вториот дел почна со три врзани гола за Алборг, па потоа делуваше како Вардар да се бори за чесен пораз.
Меѓутоа Вардар најде сила, заигра поорганизирано и веднаш тоа вроди со плод.
Томовски успеа да запре два напади и Вардар, па со четири гола по ред Вардар дојде на 29-27 во 56. минута. Сепак, Алборг не дозволи да прокоцка се што градеше и ја зачува победата, предводен од повратникот Арон Палмарсон со девет гола. Толку постигна и Дибиров, но сите во првото полувреме, а Кевин Њокас го следеше со седум.
Со вториот пораз во пет кола, Вардар падна на шестото место, со пет бода во групата А, Алборг се зацврсти на првото со осум.
Во наредното коло Вардар дома го пречекува германскиот гигант Кил.