Пред малку заврши дуелот во германската Бундес лига помеѓу Вецлар на Филип Миркуловски и Штутгарт на Жарко Пешевски.
До последниот момент се играше гол за гол и беше нерешено. Сепак домаќинот со гол во последниот напад славеше со 35:34.
Дуелот меѓу македонските репрезентативци го доби поискусниот, средниот бек Миркуловски.
И двајцата имаа одлично издание за своите тимови. Филип постигна 4 голови (4/7) а Жарко Пешевски исто така 4 голови без промашување а имаше и една асистенција.
Со оваа победа Вецлар изби на 11 позиција на табелата а Штутгарт остана на 16. место.