Еден од ракометарите кои играа во добра форма во есенската полусезона, Филип Талески, вели дека колку и да е квалитетна Словенија, наше е да се бориме докрај.
„Се подготвуваме уште од 22 декември, ги анализиравме сите противници и подготвени го очекуваме ова ЕП. Словенија е еден голем фаворит и во минатите години покажала дека се бори за медал на големите собири. Ние одиме да се надмиудруваме со нив, да се бориме докрај, да го оставиме срцето на терен, па нека победи подобриот“, изјави Талески пред мечот.
Наптреварот се игра утре од 18 часот и ќе биде прв од трите во групната фаза. В сабота се соочуваме со Црна Гора, а в понеделник против Данска.