На гостувањето во Куманово, актуелниот бранител на пехарот славеше со 31-18. Кумановци парираа некаде до финишот на првото полувреме, кога беше 10-12, а потоа примија три гола едноподруго, па на пауза заминаа со 11-15.
Вториот дел го почнаа со два врзани погодока, но потоа следуваше серија од 6-0 за Вардар. Најефикасен беше Јан Чувара со девет гола, но четири од пенал, додека Куни Моралес погоди шест пати од игра. Кај Куманово, Даниел Постоловски и Вучко Мрвовиќ погодија по шест пати.
Вардар има 15 бода во групата Б, пред Алкалоид и Бутел со по 12. Куманово е петти, предпоследен со три. Претходно денеска, Пелистер славеше над Тиквеш со 31-20.