Данска е единствената репрезентација која пред последното коло се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во ракомет. И додека Данците се сигурни во полуфиналето, на нивниот ривал во последното коло, Франција, му треба барем нерешено за да се пласира. А ако загуби а Исланд ја победи Црна Гора, Франција е елиминирана.
Данскиот селектор Николај Јакобсен откри дека ќе ги одмора играчите во последното коло в среда и тоа е вест која нема да им се допадне на Исланѓаните. “Нашата главна цел е да бидеме свежи за петок и полуфинале, тоа е најважно. Затоа сигурно ќе поштедам некои играчи против Франција. Допрва треба да видам кому му треба пауза, па ќе одлучам”. – изјави данскиот селектор.