Бенфика и Нант одиграа одличен натпревар во Лисабон. Тимот на Кире Лазаров водеше последно со 28-27 на пет минути до крајот, но со 15 секунди останати на семафорот прими гол за конечни 31-30 за Португалците. Тоа значеше дека Бенфика го освојува второто место во групата А и го избегнува Фуксе Берлин, финалистот од минатата сезона во Европската лига. Лазаров и соиграчите ќе се обидат да се справат со бундеслигашот прво на 29 март во Франција, а потоа и на 5 април во германската престолнина.
Тоа се термините за сите осминафинални двобои, меѓу кои и Нексе – Пелистер. Ако успее да го мине хрватскиот вицешампион, Пелистер во четвртфиналето би одел на подобриот од ГОГ – Ирун Бидасоа. Меѓутоа, без разлика на противникот или исходот таму, тоа веќе би бил најголем клупски успех во оваа нова ракометна ера во Битола.