Стратегот на ПСЖ, Маурисио Покетино доби доста провокативно прашање на прес конференцијата пред утрешниот натпревар со Реал Мадрид.
Еден од присутните новинари го запраша Аргентинецот да направи споредба помеѓу Лионел Меси и Килијан Мбапе и да издвои кој од нив е подобар.
И двајцата играат под водство на Покетино, па јасно беше дека сега веќе искусниот стратег ќе мора да даде дипломатски одговор во кој сепак мала предност му даде на Меси.
– Меси е најдобар на светот со седум Златни топки, но има и многу други добри играчи кои претендираат за титулата најдобар. Формата на Килијан говори сама за себе, тој е еден од оние играчи кои се многу добри и кои блескаат, -изјави Покетино.
Како што стојат работите и Лео Меси и Килијан Мбапе утре ќе бидат во составот на ПСЖ за дуелот со Реал Мадрид.