Реал Мадрид постигна минимална победа од 0-1 против Алавес на гости, за три нови бода на своето конто. Дуелот ќе остане запаметен и по Килијан Мбапе кој заработи директен црвен картон по грубиот старт над Бланко, и ги остави „кралевите“ со играч помалку.
Победничкиот гол за Реал го постигна Едуардо Камавинга во 34.минута и навистина беше ремек-дело.
Анчелоти во второто полувреме ги внесе во игра Винисиус Жуниор и Белингем, кои беа резерви. Над Винисиус беше направен фаул по кој следуваше црвен картон за Ману Санчез.
Алавес се обидуваше да се врати во игра, но без вистинска шанса пред голот на Реал. Белингем имаше убава можност да го реши натпреварот, но не ја искористи.