Македонската женска ракометна репрезентација загуби (21:23) во бараж двомечот со Полска и остана без пласман на мундијалот.

По поразот со четири голови на првиот натпревар, нашите најдобри ракометарки во Битола, пред домашна публика и одлична атмосфера но не беше доволно за подвиг.

Во спортскиот храм во Битола, 3000 ракометни вљубеници ја наполнија салата.

Погледнете како звучеше „Денес над Македонија“ испеана од ракометарките и 3.000 навивачи…

Најдобра кај Македонија на овој меч беше Дамјановска со пет голови, Младеновска со четири гола, додека Саздовска и Јанкуловска беа стрелци на по три голови. Кај Полска, Балсам постигна седум, а Коблинска погоди пет пати. Македонија ќе остане без Светско првенство и по 18 години. Последен пат на светската сцена бевме во 2007 година.

Македонија имаше дури 15 загубени топки, а со таква статистика и неефикасен напад тешко може да се победи  селекција како Полска.

Имавме и напад за реми, но не го искористивме, па Полска казни со експресен гол за потврда на триумфот.