Таа одигра одлично во вчерашниот втор финален меч од серијата против Ростов Дон (26-27) и со пет голови од шест обиди ја „симна“ Антонина Скоробогатченко од врвот на вечната листа стрелци. Ристовска со овие погодоци дојде до 475 голови во дресот на „црвеноармејките“, два повеќе од конкурентката, која во моментов не игра бидејќи е на пат да стане мајка.
Резултатот во финалната серија е 1-1, а ЦСКА Москва предводена од Македонката има голема шанса да ја одбрани титулата со оглед што „мајсторката“ ќе ја игра на домашен терен.