Фудбалскиот магазин „Форбс“ објави листа на највредни фудбалски клубови на светот и за првпат за два клуба е проценето дека вредат над 6 милијарди долари.

Најскап фудбалски клуб сè уште e актуелниот европски првак Реал Мадрид, кој вреди 6,07 милијарди долари, а веднаш зад него е Манчестер јунајтед со 6 милијарди.

Следуваат Барселона, Ливерпул, Манчестер сити, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Челзи, Тотенхем, а елитната десетка завршува со лондонскиот Арсенал.