Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе му даде поддршка на својот сонародник Виктор Вембанјама и заедно ја гледаа драфт лотаријата во НБА, напаѓачот изгледа како мало дете покрај 219 цм високиот кошаркар.
Виктор Вембанјама важи за еден од најперспективните кошаркари во Европа и се најавува како прв пик на драфтот во НБА оваа година. Утрово беше извршена драфт лотаријата и 19 годишното момче се собра со семејството и пријателите за да види каде ќе ја продолжи кариерата (Сан Антонио Спарс беше таличен).
Килијан Мбапе беше таму да му даде поддршка на својот сонародник и ѕвездата на ПСЖ стана хит на социјалните мрежи откако застана да позира со Виктор Вембанјама, разликата во височина помеѓу двајцата е повеќе од очигледна.