Манчестер Сити по вторпат ќе игра во големото финале од Лигата на шампионите, тимот на Пеп Гвардиола беше доминантен и го надигра Реал Мадрид во реваншот од полуфиналето, победи со 4-0 и со Интер ќе се бори за големиот пехар.
Сити е вториот финалист во Лигата на шампионите откако вечерва на Етихад го прегазија Реал Мадрид.
Англискиот тим особено беше доминантен во првото полувреме кое целото се играше пред голот на Куртоа. Резултатот беше отворен во 23. минута кога Бернардо Силва по асистенција од Де Брујне погоди за водство од 1-0.
И покрај предноста, нападите на Манчестер Сити не престанаа, во 37. минута Бернардо Силва постигна уште еден гол за предност од 2-0.
Во второто полувреме Реал Мадрид беше нешто порамноправен, се обиде да нападне, но и Пеп Гвардиола ја промени тактиката, престанаа жестоките напади.
Во 76. минута по центаршут на Де Брујне, несреќниот Милитао си постигна автогол за 3-0, се чини дека тука беа решени сите дилеми околу вториот финалист.
Но, тоа не беше се од Манчестер Сити, во 91. минута Алварез ги постави конечните 4-0 за тотален дебакл на Реал Мадрид.
Финалето меѓу Манчестер Сити и Интер се игра на 10. јуни во Истанбул.