Екипите на Атлетико Палмафлор и Блуминг својот натпревар од боливиското првенство го играа толку долго, што на крајот испадна како да имале три полувремиња. Второто полувреме заврши дури 42 минути по истекот на 90-тата минута.
Палмафлор победи со 3-2, голот за триумф падна во 38-мата минута од судиското продолжение, а четири минути подоцна судијата конечно отсвири крај на овој маратонски дуел кој се играше на силен дожд и поплавен терен.
И судијата има вина што овој меч траеше толку долго бидејќи за еден гол, десет минути гледаше снимка за да процени дали погодокот е регуларен.