Додека на Блискиот исток дома им беснее страшна војна, Газа е во катастрофална ситуација по војната меѓу Хамас и Израел, сепак храбрите фудбалски репрезентативци на Палестина испишаа историја на Азискиот Куп. Играа за себе, играа за своите граѓани дома и успеаја да го победат Хонг Конг со 3:0 и со тоа да се пласираат во нокаут фазата на ова натпреварување, за првпат во историјата.

Стрелци на головите беа Одеу Дабагх кој постигна два и Заид Ал Канбар.

После натпреварот имало огромни емоции, солзи, радост и невидена еуфорија.

Image

Така треба да се игра за својата репрезентација, за својата земја.