Реал Сосиедад со победа на гости кај Селта Виго со 1-2 (0-1) се пласира во полуфиналето на Купот на кралот. Натпреварот на „Балаидос“ во Виго понуди по еден погодок во двете полувремиња, а домаќинот не успеа да ја искористи поддршката на домашната публика за изненадување.
Гостинската екипа на Сосиедад успеа да дојде до предност уште на стартот на дуелот, во втората минута. После добро изведен аут и лошата дефанзивна реакција на домашните, Мерино нафрли на петерецот и го пронајде Микел Ојарзабал кој погодиводство од 0-1. До полувремето немаше премногу возбудувања пред двата гола.
Тимот на Селта не успеа да направи некоја шанса за да ја пробие противничката дефанзива, а по еден напад во кој беше со сите играчи на противничко поле, од контранапад дозволи и втор гол во својата мрежа. Контрата тргна од половината на Сосиедад, Мендез испрати долга топка до Шералдо Бекер кој уште на половина терен беше сам пред голманот, па рутински ја пласира во мрежата на Селта за 0-2 во 66. минута. Селта успеа да го ублажи поразот со голот во 92. минута кој беше дело на Де Ла Торе, меѓутоа касно беше да се стори нешто повеќе.