Селекторот на македонската фудбалска репрезентација одговори на прес конференција по завршувањето на натпреварот дали е незадоволен од судијата.
„Тоа се емоции за време на натпреварот. Не би коментирал додека не ги погледнам дополнителни снимки“, рече Милевски.
„Мислам дека Македонија беше далеку подобар противник. Покажа одлична игра, јас мислам дека овој резултат е неправеден, но јас сум задоволен од момците и играта. Мислам дека головите кои ги примивме беа по наша вина“, додаде Милевски.
Македонија вечерва пропушти одлична шанса за победа против Исланд, иако водевме 2-0, на крајот од натпреварот се случи пресврти па ремизиравме. Следниот натпревар Македонија го игра на домашен терен на 8-ми септември во Скопје против репрезентацијата на Романија.