Фудбалерите на Партизан забележаа неочекуван пораз во рамките од петтото коло од Конференциската лига, откако на гости кај естонска Флора загубија со резултат 1-0. Со овој неуспех белградскиот тим не само што не успеа да ја оправда улогата на фаворит, туку не го собра потребниот бод за и математички да обезбеди следна фаза од натпреварувањето.
Моментот на одлука на натпреварот се случи во 44. минута. Пум со феноменална топка го пронајде Мартин Милер, а овој со глава постигна прекрасен погодок пред заспаните Саничанин и Урошевиќ.
Во вториот дел Партизан имаше неколку обиди да се избори барам за бод, но истите беа залудни и Флора стигна до историската прва победа во групна фаза на едно европско натпреварување.
Белграѓани во последното коло против Анортозис ќе се обидат да го освојат посакуваниот бод, додека Флора со киксот на Партизан мора да победи над белгиски Гент.