Македонската кошаркарска репрезентација утре во салата Јане Сандански се среќава со Шпанија во меч од квалификациите за Светскиот Куп 2023 година.
Сепак Шпанците се многу внимателни во пресрет на натпреварот, за тоа најмногу говори изјавата на нивниот селектор Серџио Скариоло за шпанските медиуми.
“Македонија може да ни направи проблеми, посебно тука мислам на Џејкоб Вајли. Противникот има ниски играчи, плејмејкери кои се многу агресивни. Да, ние сакаме да победиме, но мора да одиграме на високо ниво. Нема да биде лесно, но ние сме подготвени“ посочи селекторот на Шпанија.