Ракометарите на Вардар 1961 вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Пик Сегед во 8. коло од Лигата на Шампионите. Ова е можност да се стави крај на лошата серија од 4 порази, а пред 3те најавени гостувања.
На неколку часа пред натпреварот, познати се и составите за натпреварот. Хуан Карлос Пастор се реши за истиот состав од мечот во Сегедин, додека Вујовиќ направи неколку промени.
Во составот на Вардар се вклучени Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов, Анте Кудуз кои беа под знак прашалник, а се враќа и Жереми Тото. Надвор од стројот се се уште Борко Ристовски и Марко Мишевски.
ПИК Сегед пак важи за фаворит во пресрет на натпреварот, но црвено црните дома со помош на публиката победувала и многу помоќни ривали.