Ракометната репрезентација на Македонија вечерва постигна херојска победа против Фарски Острови со 34-26, направи вистински подвиг и се пласира на ракометното Светско првенство (СП) кое се игра во 2025 година.
Еден од најдобрите ракометари на Македонија вечерва беше Филип Кузмановски, кој изјави дека срцето ќе му излета од гради од среќа поради пласманот на СП 2025.
„Посакувам цела Македонија да е на моето место да почувствува колку ми чука срцето. Ракометот е број еден во Македонија. Имавме тежок противник, но ја повторивме историјата. Покажавме како треба да играме со срце, го заборавивме првиот дуел против Фарски Острови, а многу ни помогна и публиката која беше наш осми играч на теренот. Среќен сум за ракометарите, тренерите и цела Македонија. Немаме многу време за славење бидејќи ни следат клупските обврски“, изјави Кузмановски.