Македонија почна да гради предност од почетокот на средбата, поведовме со 8-4 во деветтата минута. Продолживме до највисоката предност од шест разлика 17-11. Тогаш започнаа проблемите за нашите ракометари. Кореја излезе со одбранбена зона 3-3 и наеднаш останавме без одговор во нападот. Корејците направија серија од 6-1 и се изборија мечот повторно да стане неизвесен, со 20-19 за Македонија на паузата.
Во второто полувреме корејскиот голман Парк, запиша седум интервенции во првите 10 минути, од кои две од пенал. Корејците првпат поведоа, со 26-25.Неизвесноста траеше некаде до 52. минута, кога средниот бек Канг доби црвен картон.
Македонија конечно успеа да се одлепи и покрај пресинг одбраната на противникот. Мартин Томовски заврши со 14 одбрани, а најдобри стрелци беа Филип Кузмановски со осум и Ненад Костески со шест гола.