Леворакиот бомбардер и најдобар македонски ракометар Кире Лазаров доби ново признание во Франција. Тој на последниот меч постигна девет голови во победата на Нант против Ним со 34:26. Ова му обезбеди место во најдобриот тим на колото во Франција.
Лазаров одигра уште еден одличен натпревар и заслужено го доби признанието, а во тимот на колото беа избрани уште и Портнер, Шам, Илиќ, Тисо, Пранди и Рижо.