Македонија ги доби ривалите за групната фаза на Европската сребрена лига на ЦЕВ за 2022 година. Со променет систем, со групна фаза во која најдобрата од четирите селекции ќе патува на завршниот турнир, Македонија се надева дека конечно ќе дојде до златниот медал во ова натпреварување.
Романија, Албанија и Босна и Херцеговина ќе бидат противници на македонските одбојкари во Европската сребрена лига 2022. Заразлика од претходната сезона, натпреварувачкиот систе ќе биде лигашки, што значи дека во нашата група „Б“ ќе има шест кола, односно секој ќе игра сосекого дома и на гости. Потоа, најдобрата репрезентација ќе обезбеди настап назавршниот турнир во Унгарија, а шанса ќе има и за второпласираната, но во зависностод расплетот во групата „А“. Во неа ќе има само три репрезентации, а покрај организаторотна завршницата Унгарија, во оваа конкуренција се Финска и Азербејџан.
Сребрената европска лига стартува на 25 мај, со домашен дуел против Босна и Херцеговина, по што следи напорен распоред. Гостување кај Романија, па двомеч дома-гости со Албанија, пред домашен дуел со Романците и гостински со БиХ.
1 коло: Македонија – Босна и Херцеговина (25 мај)
2 коло: Романија – Македонија (28/29 мај)
3 коло: Македонија – Албанија (1 јуни)
4 коло: Албанија – Македонија (4/5 јуни)
5 коло: Македонија – Романија (8 јуни)
6 коло: Босна и Херцеговина – Македонија (11/12 јуни)
Завршниот турнир и битката за распределба на медали ќе се одржи во Унгарија на 18 и 19 јуни следната година.
По четирите сребрени медали од седумте настапи во Сребрената Европска лига, Македонија се надева дека осмиот ќе биде среќен и конечно ќе се закити со златото.