Денес се одигра 14. коло од второтолигашката конкуренција Запад, во која екипата на Вардар успеа по исклучително тежок и каллив терен во Боговиње да слави со минимални 0:1 против тимот на Беса.
Вардар доминираше на овој меч иако беше многу тешко да се игра, и успеа да постгине гол во 78. минута преку Филип Петковски. Асистираа Николов односно Блажевски кој прекрасно го пронајде Петковски на петерецот, а на овој не му беше тешкод а реализира со глава.
Од друга страна пак тимот на Силекс, лидерот на оваа конкуренција сезонава, немаше проблем на домашен терен да го совлада тимот на Тетекс со конечни 3:1.
Стрелци на головите за Кратовци беа Дуков на два пати и Јордан Серафимовски, додека пак за гостите во второто полувреме погоди Дамјан Масевски.
Тимот на Воска пак, успеа денеска да слави во Велешта над истоимениот противник со конечни 1:2. Истите се дело на Изаир Емини и Наум Велјановски.
Резултати:
Беса – Вардар 0:1
Силекс – Тетекс 3:1
Велешта – Воска 1:2
Кадино – Кораби 1:3
Охрид – Гостивар 4:2