Интер го совлада Торино на гости со 0-3 и е лидер на табелата во Серија А. Тимот на Симоне Инзаги прикажа одлична игра и постигна три гола во второто полувреме.
Маркус Турам го отвори резултатот во 59.минута, а Лаутаро Мартинез само осум минути подоцна зголеми на 0-2. Третиот гол беше дело на Хакан Чалханоглу кој реализира пенал во судиското продолжение од мечот.
Интер има 22 бода на врвот во калчолигата, по што следи Милан со еден бод помалку, додека Јувентус, Фиорентина и Наполи имаат по 17 бодови.