Рускиот тајкун Роман Абрамович го продаде шампионскиот тим Челси на Тод Боели. Беше приморан да го напушти „Стемфорд бриџ“, а сега би можел да влезе во нова фудбалска инвестиција.
Бразилските медиуми пренесуваат дека Абрамович има намера да купи клуб од Бразил, а се споменуваат големите гиганти Сао Паоло или Атлетико Минеиро. Во опција е и второлигашот Лондринд.
Се споменуваше дека Абрамович ќе го купи и турскиот Гезтепе, но клубот тоа го демантираше.