Тренерот на Барселона на клучниот натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите против Бенфика, повторно ги има на располагање Осман Дембеле и Сержињо Дест после од повредите.

Двата порази во првите два натпревари од групната фаза направија тешка борба за Барса за паласман во наредната фаза во групата Е, но двете последователни победи над Динамо Киев ги вратија во живот и сега сами решаваат за својата судбина.

Тимот на Чави знае дека трите бода над Бенфика на „Камп Ноу“ ќе обезбедат место во следната рунда, пред последниот натпревар од групата на гостувањето кај Баерн Минхен.

Нико Гонзалес и Серхио Бускетс исто така се во тимот, и покрај тоа што забележаа ситни повреди во победата од 1-0 над Еспањол во саботата.

https://twitter.com/FCBarcelona_es/status/1463101716627341315?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1463101716627341315%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.marca.com%2Fen%2Ffootball%2Fbarcelona%2F2021%2F11%2F23%2F619cfe5546163f0c848b45b4.html