Баер Леверкузен дури четири пати ја тресеше мрежата на Херта Берлин. Екипата предводена од шпанскиот стратег Чаби Алонсо освои три бода со кои се зацврсти на средината на табелата.
Баер немаше проблеми со Херта која се бори за опстанок, фаворитот славеше рутинска победа.
Во првиот дел Азмун и Фримпонг беа стрелци на головите за 2-0, па фармацевтите дојдоа до солидна позитива.
Диаби во 61. минута зголеми на 3-0, а само шест минути подоцна Лукебакио од пенал намали на 3-1.
Конечните 4-1 за Баер Леверкузен ги постави Адли во 73. минута од натпреварот.