После два нерешени натпревари во низа, Баер Леверкузен им се врати на победничките патеки во Бундеслигата. Четата на Чаби Алонсо на својата „Бај Арена“ го совлада Ајнтрахт Франкфурт (3-0), кој по неверојатната победа над Баерн Минхен во претходното коло (5-1), вечерва не успеа да изненади уште еден тим од самиот врв.
„Фармацевтите“ од Леверкузен го отворија фуриозно мечот и уште во раната фаза од натпреварот го скршија отпорот на противникот. Виктор Бонифејс во 14. минута постигна гол за радост на навивачите на трибините и водство на својот тим од 1-0, додека само што започна вториот дел во 52 мин. Џереми Фримпонг зголеми на 2-0 а Флоријан Вирц пет минути подоцна стави печат на триумфот на фармацевтите.
Екипата на Фрајбург дури во самиот финиш го најде лекот за Келн и славеше со сигурни 2-0 и со тоа го оствари третиот триумф во низа во шампионатот.
Грегорич донесе водство во 72. минута, додека во петтата минута од судиското надополнување Салаи ги постави конечните 2-0.