Денеска излегоа информации дека од Арсенал постигнале конечен договор со Порто за ангажман на фудбалерот од средниот ред, Фабио Виера.
Наводно двете страни пуштиле рака за 35 милионски трансфер на фудбалерот на „Емирејтс“ и истиот треба да се официјализира во следните неколку дена.
Раководството на Арсенал напорно работи на уште засилувања, а јасно е дека во тимот е потребен и нов напаѓач.
„Скај Спортс“ сега пренесува дека од Арсенал влегле во официјални преговори со Манчестер Сити за ангажман на одличниот офанзивец, Габриел Жезус.
Жезус ќе си оди од Сити, а „граѓаните“ нема да имаат ништо против да го продадат играчот на Арсенал, но само ако „топчиите“ искешираат сума од над 50 милиони фунти за неговите услуги.