Откако во април го отпушти Мартин Ласарте, Чиле доби нов селектор, аргентинскиот стручњак Едуардо Берицо .
Чиле го назначи искусниот Аргентинец Едуардо Берицо (52) за нов селектор на фудбалската репрезентација. Берицо ќе го наследи Мартин Ласарте, кој доби отказ во април, откако Чиле не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар оваа година.
Берицо ја започна својата тренерска кариера во 2007 година како помошник на Марсело Биелса, кој тогаш беше селектор на Чиле. После тоа беше тренер на аргентинскиот Естудијантес, во Шпанија ги водеше Селта, Севиља и Атлетик Билбао. Тој ја заврши својата последна работа на клупата на Парагвај, но не успеа да ги однесе на Светското првенство во Катар.
Тој потпиша четиригодишен договор со Чиле.
Во текот на својата играчка кариера играше за Њуелс Олд Бојс, Марсеј, мексикански Атлас, Ривер Плата и Селта.