Фудбалската репрезентација на Украина стартува со плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар. На 1 јуни на „Хемпден парк“ ќе и гостува на Шкотска, а победникот потоа ќе игра против Велс за пласман на мундијалот.
Селекторот на Украина, Oлександр Петраков, вели дека неговиот тим не се плаши од ништо после бомбите и ракетите од инвазијата на Русија.
„На ‘Хемпден парк’ ќе има неверојатна атмосфера. Но, тоа е фудбал. Од што би можеле ние да се плашиме после сите тие ракети и бомби. Не се плашиме и од Шкотска, тоа е само фудбал“, изјави Петраков.