Претседателот на Серија А, Лоренцо Казини, посочи дека начинот на кој се проверуваат контроверзните ситуации во тенисот може да биде одличен рецепт и за фудбалот.
„Верувам дека треба да зборуваме за подобрувања во ВАР технологијата“, изјави Казини за ТВ-шоуто La Politica nel Pallone.
„Челинџот (Challenge) што го имаме во тенисот е нешто за што размислуваме. На тој начин би и дале можност на секој тим сам да побара преглед, но доколку згреши три пати повеќе нема да има право на преглед. Мислам дека тоа би бил начин да се отворат натпреварите и мислам дека нема да се троши премногу време, како што е случајот сега“, изјави Касини.