Наполи по неочекувано убедливиот пораз на домашен терен минатиот викенд против Милан (1-4), вечерва експресно се врати на победите, како гостин го совлада тимот на Лече (2-1).
Бодовите беа освоени и без повредениот Виктор Осимен, кој е убедливо најопасниот играч во тимот сезонава, а во првиот состав беше и Елиф Елмас. Ди Лоренцо го отвори резултатот уште во 18. минута, додека Ди Франческо погоди за домаќинот на стартот од второто полувреме за изедначување на резултатот. Победничкиот погодок беше автогол на левиот бек на Лече, Антонино Гало.