Тоа беше и прв пораз за составот од Лисабон во 2023 година по низата од 15 средби без пораз, во која оствари 13 победи и две нерешени средби во сите натпреварувања. Сите три гола беа дело на гостинските фудбалери, од кои првиот беше автогол на Диого Коста со кој домаќинот поведе уште во 10. минута. Пред крајот на полувремето Урибе го изедначи резултатот, додека Тареми во 54. минута го постави конечниот резултат.
Бенфика останува лидер со 71 бод, но сега со седум бодови повеќе во однос на Порто на седум кола до крајот на шампионатот.