Познато е дека Елмас има посебни емоции кон Турција, заради своите семејни корени, но и поради фактот дека играше во турскиот Фенербахче од каде што направи трансфер во италијански Наполи.
„Моја драга земјо. Секој прави што може. Заедно ќе ги поминеме овие тешки денови. Турција е мојата земја и јас ќе го направам мојот дел. Рака под рака , заедно ќе ги надминеме овие денови“ напиша Елмас.