Леброн Џејмс стана најдобар стрелец на сите времиња во НБА лига, а Никола Јокиќ продолжува со својата рекордна серија. Денвер убедливо ја совлада Минесота со 146-112, а Србинот постигна 20 поени, 16 асистенции и 12 скока за четврти последователен трипл-дабл, 10-ти во последните 12 настапи, 29-ти во сезоната и 95-ти во кариерата.
Тоа го направи пред последната четвртина, за 28 минути игра. За толку кратко време на паркетот само Меџик Џонсон и Расел Вестбрук оствариле трипл-дабл со најмалку 20 поени, 15 асистенции и 10 скока пред српскиот центар. Јокиќ стигна до трипл-дабл по само 18 минути игра, уште во првото полувреме.
Денвер Нагетс се зацврсти на врвот на Западот со скор од 38-17, а Јокиќ со трипл-дабл просек од 24,7 поени, 11,3 скока и 10,2 асистенции е на пат кон својот трет последователен МВП во НБА-лига.
Резултати: Орландо – Њујорк 98-102, Бруклин – Феникс 112-116, Њу Орлеанс – Атланта 116-107, Мемфис – Чикаго 104-89, Денвер – Минесота 146-113, ЛА Лејкерс – Оклахома 130-133.