Грчки кошаркар почина на 29 години – не успеа да ја победи тешката болест. Александрос Варитимијадис ја загуби битката со тешката болест, па почина денеска на 29-годишна возраст, вест која ја потресе Грција и европската кошарка.
Варитимијадис е бивш кошаркар на ПАОК и Трикала, кој ги мина сите репрезентативни селекции на Грција, а во кариерата играше уште и за Филипос, Умеа, БСВ Сиксерс, а последен клуб во кариерата му беше австриски Дорнбирн Лајонс.
„Млад играч, од спортско-кошаркарско семејство, прерано нѐ напушти. Веста за трагедијата на Александрос Варитимијадис ни предизвика голема тага. Александрос играше за ПАОК, храбро се бореше против болеста, која на крај се покажа непобедлива. Членовите на УО на федерацијата на Грција и претседателот Евангелос Лиолиос изразуваат искрено сочувство до семејството и блиските пријатели на Александрос. Зборовите не може да ја ублажат болката во овој момент“, објави кошаркарската федерација на јужниот сосед.
Од Александрос се прости и бившиот клуб Умеа, како и останатите клубови.