Дисциплинската комисија на Евролигата ги изрече казните за најагресивните во вчерашната тепачка на мечот помеѓу Реал Мадрид и Партизан (80-95), втор од четвртфиналната плејоф-серија од Евролигата, кои двата тима ги оставија без можеби клучните кошаркари.
Црно-белите водат со 2-0 во серијата до три победи. Следниот меч се игра во вторник во Белград, а ако има потреба таму ќе се одигра и четвртиот натпревар и тоа в четврток. Евентуалната „мајсторка “ е за десетина дена пак во Мадрид.